
Годишна научна конференција под мотото „75 години македонска дерматологија“ во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија ќе се одржи од денеска, 28 февруари до 1 март во скопскиот хотел „Лимак“.
Теемите за кои ќе се разговара на научниот собир се: Хроничната инфламација во дерматологијата, псоријаза, булозни дерматози, атописки дерматитис, алопеции и витилиго, кутан лупус.
Универзитетската клиника за дерматологија го организира овој прв научен собир, кој го нарековме Годишна научна конференција, со верување дека ќе стане традиционален. Истовремено, ќе одбележиме 75 години од првиот научен труд од нашата Клиника, публикуван, во тогаш, најпрестижниот дерматолошки часопис. На 28ми Февруари и на 1ви Март во хотелот Лимак во Скопје, сакаме да ги обединиме дерматолозите и лекарите од другите медицински гранки, чиј интерес се преклопува со клиничката дерматологијата. Оваа година Конференцијата е посветена на инфламаторните и автоимуните дерматози. Си поставивме цел да ја стимулираме интердисциплинарната соработка, како и да ги поддржиме младите специјалисти и истражувачи од земјата и светот. Очекуваме инклузивна една и пријателска, интерактивна конференција, со висок квалитет на презентациите и дискусиите, вели проф.д-р Катерина Дамевска, претседател на Конфренцијата.