Skip to main content

Проектот „Вечни тела“ ја деконструира доминантната претстава за староста како крај на активниот живот и значењата што културата им ги припишува на возрасните, вели Попова

Едукативна посета на изложбата ВЕЧНИ ТЕЛА со студенти од ФМУ-УКИМ катедра за балетска педагогија

Професор и кореограф Искра Шукарова во ко-соработка со фотографот Жарко Стојчевски креира изложба на фотографии насловена “ Вечни тела” презентирајќи ги гледиштата за возрасното тело на изведувачот, во соработка со петмина балетски уметници кои биле дел од ансамблот на Национална опера и балет: Емилија Џипунова – претставничка на првата генерација балетски уметници, истакната солистка, педагог и критичарка; Снежана Шијак – солистка; Зоица Пуровска-Велевска – првенка и педагог репетитор; Зоран Талев – солист; и Ирена Лозинска – солистка, педагог и кореографка.

Проектот „Вечни тела“ ја деконструира доминантната претстава за староста како крај на активниот живот и значењата што културата им ги припишува на возрасните и ја аргументира потребата од ослободување на возрасното тело од патологиите на маргинализација, напиша Јованка Попова.

Поврзани вести