Skip to main content

Зеленски: Ниту 10 центи нема да им вратиме на САД, ако одам во Вашингтон директно ќе прашам „ќе не поддржувате или не“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека иницијалниот договор за минерали со САД ќе доведе до нови договори, но потврди дека сè уште не се постигнати никакви безбедносни гаранции. Договорот засега го окарактеризира како „рамковен“.

Зеленски го спомена заедничкиот фонд во кој би се вложиле 50 проценти приходи од украинските природни ресурси, но додаде дека „сè уште е рано да се говори за пари“.

„Сакав во договорот да има реченица за безбедносни гаранции за Украина и важно ми е да биде таму“, рече украинскиот претседател.

Тој ги коментираше и претходните барања на Доналд Трамп за Украина да ги врати милијардите воена помош, порачувајќи „Нема да вратиме ниту 10 центи“.

Зеленски, исто така, најави дека, ако во петок ја посети Белата куќа, „многу директно“ ќе праша „дали САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина или не“.

На прашање на „Би-Би-Си“, дали Украина би се откажала од договор, ако не добие безбедносни гаранции од Трамп, Зеленски одговори:

„Сакам да пронајдам пат до НАТО или нешто слично. Ако не добиеме безбедносни гаранции, ќе немаме примирје, ништо нема да функционира, ништо“.

Поврзани вести