Skip to main content

Милан Стефановски: Преку САД го свртевме вниманието на ЕУ кон нас

Не знам зошто во целост би ја следеле надворешната политика на ЕУ, кога ние не сме членка а од друга страна членките кои се внатре во Унијата не ја следат самата европска политика. Така, од дипломатско тактички гледна точка можеби е и добро што го свртиме вниманието на ЕУ кон нас токму преку нашата поддршка на американската резолуција за Украина во ООН, вели политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски за „Слободен печат“.

– Сето тоа што се случи е мастерплан на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со тактички чекор покажавме дека ние сме играчи на Балканот. Жално е што ЕУ не нè следи нас во нашите амбиции да станеме полноправна членка на европскиот сојуз. Во исто време, не познавам држава каде што имало јавна дебата за резолуција која е подготвена. Од друга страна европската резолуција е пресликана од минатогодишниот мировен собир воШвајцарија. Така, во делот на стратегијата тоа се доверливи потези на дипломатијата каде што не треба да бидат диспонирани во јавноста, се со цел да не бидат компромитирани, минимизирани или да бидат доведени во прашање од разни притисоци. Напротив, Христијан Мицкоски беше во неколку наврати во Вашингтон и можеме да бидеме сигурни дека на повеќе пати се разговарало на оваа тема и стратегија. Овој чекор може само да не приближи до Европа а ЕУ повеќе да не цени во однос на тоа што ние сме спремни да го направиме – заклучи Стефановски.

Поврзани вести