Skip to main content

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово доби 4, 8 милиони денари за реализација на годишната програма

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово доби 4, 8 милиони денари од Министерството за култура и туризам за реализација на проектите за тековната 2025 година, информираа на денешната прес-конференција надлежните од установата.

Надлежните се задоволни од одвоените средства и најавија богата програма за кумановци.

Ние сме задоволни со тоа што го аплициравме, скоро сите проекти се одобрени. Вкупната сума за реализација на овие проекти за 2025 година е 4 милиони и 800 илјади денари. За фестивалот „Денови на комедија“ добивме 800.00 денари, за фестивалот на проза 300.000 денари, изјави директорот на НУЦК Сашо Тодоровски.

Театарот ќе реализира четири претстави поддржани од ресорното министерство, двe на македонски, две на албански јазик. Установата ги добила сите проекти од ликовната дејност.

Нема некоја посебна разлика со претходните програми. Важно е да спомне дека реализираме и сопствен театарски претстави, имаме и околу триесетина апликации, позитивно одговорено за уметниците кои аплицираа на конкурсот. Генерално сме задоволни, вели Тодоровски.

Кумановци ќе имаат можност да проследат повеќе настани од ликовна дејност, литературна, музичка, фолклорна дејност…

Поврзани вести