Skip to main content

Да не се заплашува населението дека ако не фукционира КАРИЛ, ништо нема да функционира, вели директорот на „Св. Наум Охридски“ д-р Небојша Настов

Да не се заплашува населението дека ако не фукционира КАРИЛ, ништо нема да функционира, изјави денеска директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје д-р Небојша Настов.

Сметам дека е апсолутно некоректно некој да коментира и да каже дека услугите може да се пружаат само на КАРИЛ. Да не се лажеме, истите доктори, истиот персонал, истата едукација, опрема ја има и на КАРИЛ и во ГОБ „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски’. Да не се заплашува населението дека ако не функционира КАРИЛ, ништо нема да функцонира, изјави д-р Настов кој заедно со министерот за здравство Арбен Таравари говореа на прес-конфренција по повод инсталирањето на нова современа опрема за напредни уролошки процедури. Опремата е набавена од Министерство за здравство, и во вредност од 26 милиони денари.

Министерот за здравство Таравари рече дека реконстркцијата на КАРИЛ ќе трае шест месеци, потоа продолжуваат со хирушките сали во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, поточно од први април до средина на јуни. Потоа ќе почне реконструкцијата на „8 Септември“ која треба да заврши за 3-4 месеци.

Во меѓувреме екипи од Градка болница од 8 септември ќе бидат нонстоп во комуникација и во координација со минисерството за здравство. Ќе се покриваме. Три сали се веќе реновирани, 10 се реновираат, во меѓувреме инвестиравме во Интензивна нега на Инфективната клиника, која в петок, на 28 февруари се пушта во употреба, додаде Таравари.

Секвенционално ќе оди реновирањето. Опреационите сали во Клиничкиот центар ќе функционираат, ќе биде намален бројот на интензивните кревети. Оној вишок на пациенти кој би требало да се хоспитализраат во интезивните неги ќе се распределуа во ГОБ „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски’ и на Клиниката за неврохирургија. Во ниеден момент нема да бидат две болници во кои нема ништо да функционира. Покриеноста ќе биде соодветна. Да нема нејаснотии, кадровски сме екипирани, апсолутно персонал не ни треба во дадениот момент, изјави д-р Настов.

Поврзани вести