
Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот свое обраќање имаше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска.
Мене ми е важно во државата да има добро образование и добар спорт. Дуплиран е буџетот во однос на претходната година. За 2025 година 1,1 милијарда денари, повеќе од три пати во однос на 2019 година. Но кога издвојуваме толку пари, треба да знаеме и како се трошат буџетските пари. Изминатиов период кај некои клубови се појави незадоволство. Затоа како министерство размислуваме за некои реформи, но тоа ќе доведе до намалување на директните субвенции во клубовите што ги дава Министерството за спорт. Клучното прашање е што сакаме да постигнеме. Спортот треба да обезбеди фер однос кон сите. Особено ова се однесува кај натпреварите во пионерските и младинските категории. Треба да обезбедиме услови за секое дете биде мотивирано и со услови за спортување. Спортот гради здрава нација. Во мене секогаш ќе имате сојузник кога станува збор за поддршка за спортот, рече меѓу другото Димитриеска-Кочовска.
Министерката ги повика и министерството за образование и локалните власти повеќе да се вклучат со цел подобрување на состојбата во спортот во Македонија.