
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја посети Хируршката клиника „Св. Наум Охридски” по повод промоција на нова медицинска опрема за Одделот за урологија во рамки на активностите на Министерството за капитални инвестиции во инфраструктурата и во апаратурата што се одвиваат во повеќе клиники и болници.
Денеска во Градската болница промовраме два хируршки апарати, едниот е хируршки тулиум ласерски апарат кој што ќе се користи за кршење камења во мочните канали и бубрези и еден лапараскоп за урологија со кои ќе се прават прилично голем број операции – 100 лапараскопски и 350 ендоскопски операции, рече Таравари за новата опрема која е во вредност од 25 милиони денари.

Директорот на Хируршката клиника др. Небојша Настов, изјави дека новата опрема ќе помогне во голем дел во воеведување на нови постапки, но и во понатамошно усовршување на веќе усвоените постапки кои што Одделот за урологија долги години наназад успешно ги воведува.
Во последните години со доаѓањето на едн нов бран на млади доктори кои се буквално гладни за хирургија се воспоставуваат процедури кои што порано не се работеле, рече директорот Настов.
Раководителот на Одделот за урологија Суад Абдиу изјави дека со новиот лапараскоп добиваат технолошки понапреден столб и ќе им се олесни работата ним и на пациентите и значи побрзо завршување со операциите и пократок престој на пациентот во болницата по зафатот.

Што се однесува до ласерот тоа е нова процедура која се воведува кај нас. Претходно воведовме две нови процедури – за кршење на камења однадвор, неинвазивно и биопсија на простата. Така што за година дена тоа се три нови процедури, зголемување и растеретување на другите болници. Ќе се намали редот на чекање на болните затоа што и трета болница ги презема одреден број на пациенти. Кога се работи за ендоскопски операции очекуваме околу 350, може ќе се зголеми бројот, тоа не може да го предвидите точно во број. Ласерскиве операции очекуваме околу стотина, рече др. Суад Абдиу.
За неполна година од воведување на новата метода за кршењето камен во бубрег на Одделот за урологија имале над стотина пациенти, а имаат направено и стотина биопсии на простата.