Skip to main content

Проекција на „The Matrix Revolutions“ третиот и завршен дел од трилогијата вечерва во Кинотека

Во Кинотека на Македонија, вечер, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан „The Matrix Revolutions“, третиот и завршен дел од трилогијата на Вачовски.

Филмот ја продолжува приказната веднаш по настаните од вториот дел, при што Нео е заробен помеѓу Матриксот и реалниот свет. Додека Морфеус и Тринити бараат начин да го спасат, градот Зион е под опсада од армија на машини. Во кулминацијата на наративот, Нео прифаќа дека неговата улога како Избраник е да најде мир меѓу луѓето и машините, соочувајќи се со својот најголем непријател – агентот Смит, кој станува неконтролирана закана и за Матриксот и за машините.

„The Matrix Revolutions“ се истакнува со визуелно спектакуларни сцени, како грандиозната битка за Зион и финалниот дуел меѓу Нео и Смит. Тематски, филмот ја истражува жртвата, вербата и рамнотежата меѓу хаосот и редот.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

„МАТРИКС 3“

(„The Matrix Revolutions“)

Игран филм, САД

2003, 129 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Вачовски (Wachowskis);

Улоги: Киану Ривс, Кери Ен-Мос, Лоренс Фишбурн (Keanu Reeves, Carrie Ann-Moss, Laurence Fischburne).

Поврзани вести