
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на лидерот на конзервативната опозициска демохристијанска партија Фридрих Мерц за победата на неговата партија на германските парламентарни избори.
Тој вели дека со нетрпение очекува да работат заедно на донесување „вистински“ мир во Украина.
Им честитам на ЦДУ/ЦСУ и на Фридрих Мерц за нивната победа на изборите за Бундестагот. Се радуваме на продолжувањето на заедничката работа со Германија на заштита на животите, приближување на вистински мир во Украина и јакнење на Европа“, напиша Зеленски во објавата на Х.