
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека утре ќе објави список на мерки како дел од новиот, голем пакет санкции против Русија, пренесоа денеска британските медиуми.
– Утре планирам да го објавам најголемиот пакет санкции против Русија од почетокот на конфликтот. Целта на санкциите е да се поткопа руската воена машинерија и да се намалат приходите со кои Русија го финансира своето уништување во Украина, ја пренесува изјавата на Лами британскиот ТВ канал ITV.
Во извештајот се потсетува дека САД почнале преговори со Русија за ставање крај на конфликтот, но дека Киев е исклучен од преговарачкиот процес.