Skip to main content

Ветровито и студено време

Времето денеска – утрото променливо облачно и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје утрото претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

УХМР соопшти дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.

Поврзани вести