Немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот и министер за транспорт.
Сакам да им честитам на кавадарчани, да му честитам на градоначалникот, на советниците, на пратениците коишто доаѓаат од Кавадарци, кои што со своја заедничка работа, макотрпна работа ги подготват проектите, а потоа аплицираат.
Нормално, како резултат на тие апликации се понатаму и овие проекти кои што ги реализираме.
Ние како Влада ќе продолжиме преку министерствата да помагаме во општините, бидејќи тоа е наша цел, да се гради, помалку да зборуваме, а повеќе да работиме.
Да градиме нешто кое што им е важно на граѓаните.
И еве тука сведочиме нова канализација, нов пат, нов асфалт, претходно и водовод, приклучоци за жителите на ова населено место.
Така што уште еднаш, немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на владата и министер за транспорт, освен тоа да им честитам на кавадарчани и на жителите на ова населено место.
Им посакувам со среќа и со успех да ги користат водоводот и канализацијата, но и да имаат пристојни услови за живот кога ќе доаѓаат овде.