Skip to main content

Првпат преведени материјали од Институтот за јавно здравје адаптирани на Брајова азбука

Нашето училиште беше домаќин на директорката на Институт за јавно здравје на Република Македонија Марија Андоновска, и нејзиниот соработник Марко Младеновски. Тие пред нашите ученици од средното образование, здравствена струка, го претставија значењето на јавното здравје, а заедно со нив направивме чекор напред во достапноста!, информираат од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов – Скопје.

За првпат, промотивни материјали од Институтот за јавно здравје беа адаптирани на Брајова азбука! Сега нашите ученици ќе имаат подостапни информации за заштита од грип, здрава исхрана и физичка активност.

Нашата мисија е јасна – сите институции да станат подостапни за лицата со оштетен вид!

Ова е само почеток! Со Институтот за јавно здравје договоривме идна соработка за уште поголема инклузивност!

Заедно креираме општество без бариери!, стои во објавата на училиштето.