Skip to main content

Граѓанин на БиХ осуден за детска порнографија на Малта

Судијаката од Малта, Надија Хелена Вела вчера донесе осудувачка пресуда за 38-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој беше обвинет за поседување порнографски материјал со малолетници.

Судијката рече дека казната ќе ја изрече на 14 февруари, а името на осуденото лице не беше објавено за да се заштити приватноста на неговата осумгодишна ќерка.

Според локалните медиуми, тој признал дека произведувал, дистрибуирал и поседувал порнографски материјал во кој има деца помлади од девет години.

Неговиот адвокат рече дека во целост соработувал со полицијата и признал се во почетокот на процесот, поради што смета дека тоа треба да се земе како олеснителна околност при изрекувањето на пресудата.

Адвокатот додаде дека осудениот има проблем со алкохолот, поради што ќе побара стручна помош.

При изрекувањето на казната, судијата наредил да му бидат уништени и двата мобилни телефони кои содржеле порнографска содржина.

Со оваа пресуда тој ќе биде ставен во регистарот на насилници на деца, пренесуваат медиумите во регионот.

Поврзани вести