Skip to main content

Британија е подготвена да го смени законот за контрола на социјалните мрежи за да ги избегне трговските проблеми со Трамп

Велика Британија е подготвена да го измени законот за социјалните медиуми со цел да ги смири проблемите со големите американски технолошки компании и да ги избегне царините на претседателот на САД, Доналд Трамп

Лабуристичката влада е подготвена да го преработи Законот за онлајн безбедност со цел „да остане на добрата страна“ на администрацијата на Трамп, објави „Телеграф“.

Во моментов, гигантите на социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10% од нивниот годишен приход ако не успеат да ја отстранат штетната содржина од нивните платформи според законот за зајакнување на регулаторот „Ofcom“, кој стапува на сила во март.

Актот беше осуден како „Орвелски“ во САД“, вели извор за медиумот, додавајќи дека администрацијата на Трамп „го мрази“ тој закон.

Сепак, Даунинг стрит е подготвен повторно да преговара за елементите на законот доколку од него зависи постигнувањето трговски договор со САД, се додава во публикацијата.

Поврзани вести