Skip to main content

Фејсбук цензурира политички став за злоупотребите на програмите на УСАИД во Македонија

Freepik

Социјалната мрежа Фејсбук брише политички коментар објавен на Република, од нашиот редовен колумнист Цветин Чилиманов. Колумната, под наслов „Проект за проектирање проекти“ се однесува на најновите сознанија за злоупотребите на програмите на УСАИД во Македонија за политички цели.


Фејсбук наведува дека колумната се брише поради кршење на правилата на Фејсбук за објавување „спем“ пораки, или дека содржи лажно наведувачки содржини. Чилиманов вели дека колумната е избришана повеќе пати од неговиот профил, од други профили кои се обидуваат да ја споделат, па дури и дека се бришат статуси на други корисници каде што колумната била објавена во кориснички коментар.


Тој посочува една организација во Македонија која соработува со Фејсбук, а која беше финансирана од УСАИД, дека веројатно стои зад овој чекор без преседан – да се избрише политички став – особено на најактуелната тема во моментов од автор кој долго време укажувал на пропустите во работата на УСАИД.


Разбирам дека дечките се нервозни бидејќи за првпат во живот ќе мора да работат нешто во реалниот сектор, без грб, привилегии и милионски грантови. Можам да разберам така нервозни да се обидат да ја намалат видливоста на статусот, ама бришење? Неверојатно, вели Чилиманов, обвинувајќи ги „партнерските организации“ на Фејсбук за спроведување политичка мотивирана цензура.

Повеќе јавни личности, како Горазд Росоклија, Јанко Илковски, Раби Седрак, ја критикуваа одлуката на Фејсбук да спречува споделување на колумната објавена во Република. Колумната, која слободно се споделува на другите социјални мрежи, можете да ја прочитате на следниот линк

Поврзани вести