Skip to main content

Пожар изби во напуштена барака во општина Аеродром

Денеска избувнал пожар во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“, спроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром.

Според информациите од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот е ставен под контрола.

Во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и десет пожарникари, кои успеале да ја стабилизираат ситуацијата и спречат поголема штета.

Засега нема информации за повредени лица.

Поврзани вести