![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/anketa1_cuvstva_freepik-1024x683.jpg)
Во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.150 испитаници од целата територија на Република Македонија.
Анкетата беше насочена кон мерење на јавното мислење на граѓаните на теми поврзани со меѓуетничките односи.
Едно од прашањата во оваа анкета беше „Дали сметате дека младите генерации се потолерантни од постарите во однос на меѓуетничките односи?“,
Речиси половина од испитаниците, односно 49.3 % одговориле ДА
МНОГУ ПООТВОРЕНИ, 30,8 %
МАЛКУ ПООТВОРЕНИ, 14,7 %
ИСТИ СЕ КАКО ПОСТАРИТЕ и
5,% од испитаниците одговориле НЕ, МЛАДИТЕ ИМАА ПОВЕЌЕ ПРЕДРАСУДИ.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/omnibus-anketa-tolerancija-mladi.jpg)