Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес при посетата на кочанскиот крај ги посети и припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани.
Овие храбри луѓе, со огромна посветеност ги покриваат не само Кочани, туку и општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и ТППЕ е на завидно ниво. Имав можност да ги видам нивните ресурси, да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат и да разговараме за тоа како да изградиме поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди. Јасно е дека се потребни сериозни системски реформи за да обезбедиме брза, ефикасна и координирана реакција во секоја кризна ситуација. Како министер ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе и заеднички да вложуваме во иднината на доброволните противпожарни друштва.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски изрази благодарност до сите пожарникари о доброволци за нивната пожртвувана работа која е од непроценливо значење за безбедноста на граѓаните.