Skip to main content

„Да не е глупо да му се јавам, како да му фаќам сеир“, ѝ се пожалил Гоце на мајката Кираца

Кумашинот Гоце Трајковски, кој денеска во Кривичен сведочи во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, раскажа како стапил во контакт со нејзиниот татко, со кого се немале видено одамна.

Тој ми беше кум на првата свадба, но се немавме видено 15-20 години, објасни Трајковски.

Иницијатор за нивна средба била мајката на Гоце, поранешната директорка на „Фершпед“ Кираца Трајковска, која му дала број од Александар.

Да не е глупо да му се јавам, како да му фаќам сеир, ѝ се пожалил Гоце на мајката Кираца.

Откако стапиле во контакт, почнале да ги бараат камерите од околните објекти и кафулиња кои се во близина на домот на Вања, но повеќето камери не работеле. Освен еден објект во близина на кафулето „Синдикат“ од кој им ги дале снимките.

Никој не реагираше, сите полицајци беа собрани, никој ништо не работеше. Како да играа „жмурка“, рече Трајковски.

На снимката Вања ја немало во периодот кога одела на училиште.

Но, на истата камера ја има како мајката Зорица излегува од зградата целата испаничена, се присети Трајковски.

Поврзани вести