Државниот архив се грижи за зачувување на историјата на македонското малцинство во Република Албанија. После два месеца од потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Државниот архив и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Република Албанија започнаа конкретни активности за негова примена.
Денес, Никола Ѓурѓај во својство на претседател на друштвото подари примероци од списанието „Илинден“ и други материјали во насока на создавање на архивски фонд Македонско друштво „Илинден. Фондот ќе опфаќа документи кои се однесуваат на историјата на македонското национално малцинство во Република Македонија и ќе се чува во Државниот архив.
Д-р Бранислав Светозаревиќ во својство на претседател на Комисијата за откуп и подарување на архивски материјал ги прими материјалите и му подари на здружението примерок од последното издание на Архивот „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј Селишчев (историја на една мистификација)“.