Skip to main content

Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е полициска акција

На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот калашников на влезот од станицата „Клемансо“ во Брисел во раните утрински часови.

Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.

Според првичните информации, нема повредени.

Портпаролката на бриселската полиција, Сара Фредерикс, рече дека осомничените побегнале во метро станица и можеби сѐ уште се во тунелите на метрото.

Таа додаде дека во престрелката нема повредени. Локалната полиција и федералната железничка полиција ја пребаруваат областа.

Станицата „Клеменсо“ е затворена, како и блиската станица „Брисел-Миди“, која служи и како терминал за возовите на Eurostar.

Поврзани вести