Професорката Дарија Андовска, композиторка и деканка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје, во статус на фејсбук пишува за судството, неказнивоста и како што таа вели „копуците“ што мислат дека се фраери.
„Да, крш ни е судството, корумпирано до бесвест.
Да, ужас е тоа што систем нема или тој што го има е во колапс.
А кој го прави тоа?
Сам од себе демек системот решил “од денес ќе сум крш”?
Не бе, другари.
Копуци се во прашање.
Сите копуци што мислат дека се фраери
ако се паркираат на булевар и никој ништо не им може.
Сите копуци што немаат обѕир
кон ниедно живо битие,
небитно дали е човек или животниче.
Па и дрвце.
Сите копуци што газат преку живи луѓе и лешеви,
само ним да не им се наруши комодитетот.
Сите копуци за кои не важат правила,
ред и поредок.
Сите “само да прашам”.
Сите “знам човек, ќе завршиме работа”.
Сите “имаш ли партиска книшка”.
Сите без основно домашно воспитување.
Сите без емпатија, себични и сурови.
Сите тотално оперирани од свест и совест.
Сите копуци кои упорно ги толерираме.
Копуци. А ги има многу, тешки метастази“, го коментира Андовска на Фејсбук верижниот судир на четири автомобили на булеварот „Илинден“ во Скопје.