Skip to main content

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, денеска – 4 февруари 2025 година, вторник, во 11:00 часот ќе положи свежо цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Во 13:00 часот претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, каде ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, што се наоѓа пред ректоратот на универзитетот во Ново Село и ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев. Предвидена е и средба со ректорот на универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, на која ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пратеници, декани од ректорската управа и претставници од Универзитетското студентско собрание.

За време на посетата на универзитетот е предвидена изјава на претседателката Сиљановска-Давкова за медиумите.

Во рамки на посетата на Штип, претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети и Музејот на дејците на ВМРО од Штип и штипско.

Поврзани вести