Skip to main content

Дете со изгореници донесено во Градска, мајка му слушнала експлозија надвор

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди и изгореници бил донесен малолетник од Скопје.

Како што соопшти МВР, извршен бил службен разговор со неговата мајка Ш.Л.(45), која појаснила дека додека била дома, слушнала експлозија по што излегла надвор и го забележала синот со изгореници по телото.

Увид на местото извршиле полициски службеници при СВР Скопје, при што пронашле пиротехнички средства.

Поврзани вести