Skip to main content

Бојкотот ги преполови приходите на продавниците во Црна Гора

Бојкотот на петте најголеми трговски синџири во Црна Гора на 31 јануари доведе до пад на прометот за 56,14 отсто во споредба со истиот ден од претходната недела, соопшти црногорската Даночна управа.

Граѓаните беа повикани на бојкот од граѓанската иницијатива „Алтернатива Црна Гора“, во знак на протест против високите цени на прехранбените производи.

Бојкотот се однесуваше на супермаркетите „Воли Трејд“, „Хард Дискон Лаковиќ“, „Идеа-ЦГ“, „Домашна трговија“ и „Мегапромет“.

Најголем пад на прометот е регистриран во северниот регион (61,4%), во централниот регион падот изнесува 57,89%, додека на југ прометот се намалил за 52,2 отсто.

На 24 јануари, овие трговски ланци оствариле приход од 2.790.909 евра, додека на денот на бојкотот таа сума се намалила на 1.224.172 евра.

Организаторите на протестот најавија дека, доколку бојкотот даде резултати, наредните акции може да бидат подолги.

Поврзани вести