Skip to main content

Измамена кумановка: Се претставил како полицаец и побарал пари за ќерка ѝ, која наводно прегазила дете, да не одговара кривично

На 31.01.2025 во 14.30 часот, 65- годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично.

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести