Skip to main content

Шумските пожари во Лос Анџелес се целосно локализирани по три недели

Разорните шумски пожари во Лос Анџелес и неговата околина се целосно локализирани откако беа активни три недели, објавија властите во американската сојузна држава Калифорнија, јави ДПА.

Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија извести дека пожарот во западен Лос Анџелес и пожарот во близина на округот Пасадена се целосно локализирани.

На почетокот на јануари избувнаа повеќе шумски пожари во областа на Лос Анџелес, што се интензивираа и од силните ветрови и екстремно сувото време.

Пожарите на Палисадес и Итон беа најлоши. Тие уништија огромни површини и повеќе од 16.200 објекти. Бројот на потврдени жртви досега е 29 лица. 

Поврзани вести