Skip to main content

Администрацијата на Трамп ќе депортира 341 Македонец

Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија Оваа бројка се најде на списокот со земји што го објави „НЕКСТА“, кој покажува дека има 1.445.549 жители на САД кои се очекува да бидат депортирани во нивните земји.

Администрацијата на Трамп најави построга емиграциска политика.  САД во меѓувреме продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој – и покрај сите критики од активистите за граѓански и за човекови права. 

Покрај тоа, американскиот Конгрес веќе донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на престој сега треба да се држат во центри за имиграција не само за тешки кривични дела, туку и за помали прекршоци – на пример, кражба во продавници.

Во првата недела од вториот мандат на Трамп, беа уапсени речиси 2.400 мигранти, американската агенција за заштита на границите ИЦЕ (Имиграција и царина на САД) сега ги објавува новите бројки. Се вели дека апсењата првенствено се насочени кон имигрантите со криминални досиеја.

Поврзани вести