Skip to main content
DgC9Mh21jZw

Без победник во дербито на Мерсисајд

Без победник заврши 249. градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул, кои ремизираа денеска, одигрувајќи 1-1 во рамки на 12. коло во Премиер лигата.

Ливерпул поведе во 5. минута, со голот на Доминик Собослај, а домашниот Евертон израмни со автоголот на Џереми Фримпонг во 25. минута.

Евертон е осми на табелата со 17 бодови, додека Ливерпул е на четвртото место со 22 бодови.

Во следното коло, Евертон ќе игра на гостински терен во Бирмингем против Астон Вила, додека Ливерпул ќе го пречека Сандерленд.

Поврзани вести