
Во северниот дел на земјата, Белград и околината има дожд, додека во останатите делови паѓа снег.
Според Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, на делови од територијата на Нови Пазар, Ужице, Ваљево, Чачак и Крушевац има влажен снег со висина до пет сантиметри.
Сите автопатишта, државни патишта од прв и втор ред, како и пристапите до граничните премини и планинските центри се проодни, но на територијата на Крушевац и Ваљево е воведена забрана за сообраќај на камиони со приколки.
Патните служби се на терен со механизација, а располагаат со резерви сол, камен агрегат и ризла за интервенции. Од надлежните апелираат возачите да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема и да ја приспособат брзината на условите.
Снежните врнежи се регистрирани и на Косово, а временските услови во регионот најавуваат зимски период и за нашето подрачје.

Македонски



