
Амбасадорот во Франција, проф. д-р Игор Николов, ја посети компанијата GDR Company во Париз, основана во 2009 година, чиј сопственик е со македонско потекло.
Интересен е фактот што оваа семејна компанија има околу 60% од вработените кои се припадници на македонската дијаспора во Франција.

Успешните македонски претприемачи во Франција се пример за труд, посветеност, професионалност и претприемачки дух. Амбасадата останува посветена на поддршката на македонската дијаспора, економското поврзување и зајакнувањето на македонско-француската деловна соработка. Формиравме “Клуб на пријатели на Амбасадата” во кој главни носители на активноста се ваквите успешни приказни од нашата дијаспора во Франција, објави македонскиот амбасадор проф. д-р Николов на социјалните мрежи.

Македонски



