
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен маж, осомничен за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за смртта на Един Шкријељ на скопската обиколница.
Како што соопшти Обвинителството, настанот се случил утрото на 21 ноември кај клучката во близина на Смилковско Езеро, откако по претходна расправија преку телефонска апликација осомничениот со возило пристигнал на локацијата и се паркирал наспроти автомобилот што го управувал Шкријељ. Откако двајцата излегле и ја продолжиле вербалната расправија, осомничениот извадил пиштол и пукал кон оштетениот, погодувајќи го во левата нога, во феморалната артерија, при што поради обилно крвавење тој починал на самото место.
По пукањето, осомничениот со автомобилот избегал во правец на селото Сингелиќ и по пат го отфрлил оружјето, а надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Македонски



