
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера ги лишиле од слобода Б.Ш.(36) и Р.Р.(26), двајцата од Гостивар.
Според пријавеното, околу 18:00 часот пред угостителски објект во Гостивар, по претходно недоразбирање за паркинг простор, физички го нападнале М.С.(41) од Гостивар, при што ја турнале и неговата сопруга која во рацете го држела нивното малолетно дете.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

Македонски



