
Унијата на жени, Градскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „16 дена активизам“, вечерва организираа настан под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“.
Во рамките на панел-дискусијата зборуваше и претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ФЗО, Златко Перински кој се осврна за здравствениот систем и здравствените работници во државата, можеби, се први контакти на жртвите на насилство и затоа е многу важно да има протокол или правилник како да се постапува, затоа што има ситуации кога жртвите не го признаваат и го негираат насилството.
„Здравствениот систем и здравствениот работник во државата, можеби е и првиот контакт, првиот потенцијален контакт на жртвите од насилство. Зошто го велам ова? Заради тоа што има некогаш и предизвици во делот на декларирање или во делот на признавање дека се случило насилство и затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол, правилник, на крајот на денот, и знаење како точно да постапи со утврдени или евидентирано насилство за да не оставиме на граѓанинот да лута по институции“, рече Перински.
Тој додаде дека не мисли само на физичкото насилство, туку во најголем број од случаите станува збор и за психичко насилство.
„Можеби во иднина треба и повеќе да се фокусираме во тој дел, заради тоа што тоа е можеби малку потешко да се открие, да се воочи за да може да се помогне. Во таа насока Фондот за здравствено осигурување, како купувач на здравствени услуги е одговорен во здравствениот систем да гарантира одржливост во делот на испорака на здравствените услуги кон здравствените осигуреници и тоа го правиме. Секоја година имаме зголемување на буџетот, ревносно ги порамнуваме нашите обврски кон здравствениот систем и во таа насока и ќе продолжиме“, истакна Перински.
Перински посочи дека во изминатите две години Министерството за здравство и Министерството за демографија во соработка со меѓународни институции веќе изготви одредени правилници и протоколи кои ќе ги насочуваат македонските здравствени работници поспремни да одговорат на предизвиците со жртвите на семејно насилство.
„Сакам да потсетам дека во изминатите две години Министерството за здравство заедно со останати политички чинители, како што е Министерството за демографија поддржано од меѓународни институции веќе изготви одредени правилници и протоколи коишто треба да се однесуваат во насока на давање на патокази на здравствените работници за да можат подобро, поедноставно и пообучено да ги насочуваат жртвите од семејното насилство. Останува на институциите да ги усвојат и веќе да станат оперативни. Паралелно со овој процес, повеќе од 260 здравствени работници веќе се поминати со обуки, така да соодветно е позиционирана и оваа активност и навистина се посветува доволно внимание“, меѓу другото, појасни Перински.

Македонски




