Skip to main content

Затворски полицаец фатен како шитка дрога на работа

МВР

СВР Струмица, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднела кривична пријава против Р.С.(50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Фото: МВР

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември 2026 во близина на Затвор Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.С., кој  на работното место како затворски полицаец, пред затворот во Струмица се обидел да изврши продажба на кокаин на друго лице, при што кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин. Посочуваат дека од дополнително преземените мерки, извршените претреси во домот на пријавениот и во службени простории кои ги користи тој во затворот биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин, пакување со марихуана и дигитална вага.

Фото: МВР

Исто така, од извршениот претрес во службен ормар, кој го користел пријавениот, биле пронајдени и куршуми за пиштол чија количина била поголема од онаа која ја имал задолжено како затворски полицаец. Воедно, при претресот бил пронајден и паричник, кој потекнува од кражба пријавена на 21.11.2026 година – велат од Министерството.

Од МВР посочуваат дека за сите преземени мерки бил известен јавен обвинител, а Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица. По поднесување на кривичната пријава, струмичанецот бил изведен пред надлежен судија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. 

Поврзани вести