
Вечерва, од 19 часот, во сала 5 бесплатно ќе биде прикажан филмот „Ефектот на среќата“ на македонскиот режисер Борјан Зафировски.
Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска и Сара Анастасовска во приказна за потрагата по среќата и нејзината моќ да ги поврзе луѓето.
„Ефектот на среќата“ е долгометражното играно деби на Борјан Зафировски, кој ја потпишува режијата, а сценариото го создава заедно со Дејан Дуковски и Огнен Георгиевски.
Зад камерата е директорот на фотографија Димо Попов, а меѓу монтажерите е и Андрија Зафрановиќ кој е едно од најценетите имиња на поранешните југословенски кинематографии.
Проекцијата е дел од програмата на Агенцијата за филм „Македонски филм. На големо платно“ преку која секој понеделник, во 19 часот има бесплатна кино проекција на македонски филм во Синеплекс.

Македонски




