Skip to main content

Роналдо промаши уште еден пенал

Кристијано Роналдо го постигна својот 986.ти гол во кариерата откако вечерва на дуелот од 12.коло од лигата на Саудиска Арабија меѓу Ал Наср постигна гол против Ал Ахли. Тој погоди за водство на својата екипа во 14.минута, а четири минути подоцна Роналдо не реализираше пенал односно ја погоди стативата.

Сега Португалецот е на само 14 голови од 1.000 голови.

До крајот на натпреварот противникот успеа да постигне три голови и да постигне победа од 3:1 во дуелот со Ал Наср.

По денешниот пораз клубот на Роналдо ја прекина серијата од четири победи и остана на третото место на табелата во професионалната лига на Саудиска Арабија. 

Поврзани вести