Skip to main content

Мајли Сајрус тајно се мажи овој викенд: Подготовките за свадбата се при крај

Контроверзната пејачка Мајли Сајрус наскоро ќе се омажи за својот свршеник, музичарот Макс Морандо, дознава TMZ.

Извори блиски до плановите на Мајли Сајрус откриле за TMZ дека пејачката и нејзиниот избраник ќе си кажат судбоносно „да“ во Јужна Калифорнија.

Деталите за церемонијата сè уште се чуваат во тајност, но со оглед на тоа што свадбата е закажана за неколку дена, Мајли и Макс ги привршуваат подготовките за големиот ден.

Се чини дека Мајли веќе извесно време навестувала дека се подготвува за свадба. Минатиот месец таа го поканила Макс на сцената за време на настапот во „Холивуд Боул“, каде што заедно ја извеле песната „Let’s Get Married“ (Ајде да се венчаме).

Како што беше објавено претходно, Мајли и Макс се свршија минатата година, а пејачката подоцна откри дека запросувањето целосно ја изненадило.

Ова нема да биде прв брак за Мајли. Таа претходно беше во брак со актерот Лиам Хемсворт. Двајцата се венчаа во 2018 година, но се разделија помалку од една година подоцна.