
Неколку руски летечки објекти влегле во полскиот воздушен простор за време на неодамнешните воздушни напади врз Украина, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.
-Ова следува откако полските обвинители претходно објавија дека еден летечки објект се урнал во источниот полски регион Лублин за време на жестоките руски воздушни напади врз соседна Украина, пренесе ДПА.
Објектот паднал на нива во близина на село кое се наоѓа на околу 60 километри од границата на Полска со Украина, соопштија обвинителите.
На крајот од јули, ракета влезе во полскиот воздушен простор и се урна во истиот регион во близина на селото Тарнава Колонија. Никој не беше повреден. Според полската влада, станувало збор за руска крстосувачка ракета „КХ-101“ (CH-101). (МИА)

Македонски




