
Полициски службеници од СВР Скопје вчера, во 06:30 часот, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ го лишиле од слобода 28-годишниот А.Ф. од Скопје, кој се сомничи дека запалил возило во сопственост на неговата мајка и се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Според МВР, настанот се случил околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир, кога осомничениот го опожарил автомобилот „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка.
Дополнително, тој се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Лицето е задржано во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски




