Skip to main content

Претпладне дожд, попладне разведрување

Времето денеска во утринските часови ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови од земјата повремено силен ветер од западен правец (над 80 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Од понеделник до средината на работната седмица под влијание на студен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.

Поврзани вести