
Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска, на Светскиот ден на детето, ќе биде претставено второто издание на Глобалниот извештај за грижа и образование во раното детство. Документот заеднички го објавуваат УНЕСКО, УНИЦЕФ и ОЕЦД.
Во фокусот е прашањето како јавните вложувања можат да го прошират пристапот до квалитетни услуги. Извештајот се надоврзува на првото издание од 2024 година и на обврските што земјите ги презедоа со декларацијата од Ташкент во 2022 година.
На претставувањето ќе учествуваат претставници на влади, локални власти, меѓународни организации и истражувачи. Предвидено е да разговараат за наодите, препораките и начините за финансирање на услугите за најмладите.

Македонски




