Skip to main content

Светски концерт на познатиот пијанист Мишел Камило и Националниот џез оркестар во Македонска филхармонија

Мишел Калвино, доминиканскиот пијанист и композитор со неговите долгогодишни музички соработници Рики Родригез на контрабас од Порторико и Марк Валкер од Чикаго на тапани заедно со Националниот џез оркестар одржаа светски концерт во Македонска филхармонија. Со оркестарот диригираше нашиот Џијан Емин.

Камило е еден од најистакнатите пијанисти и композитори на светската џез-сцена, добитник на Греми, три Латин Греми и Еми признанија. Неговата латино-џез енергија синоќа експодираше во Скопје. Непосреден, срдечен, благодарен што свири со Националниот џез оркестар, заблагодарувајќи им се неколкупати и со браво, на скопската публика и припеди незаборавн концерт.


​Воодушевени сме што сме овде вечерва. Првоат сум во Скопје, вторпат во Македонија. Ви благодарам многу. Вечерва е многу посебна прилика. Ова е проект што го сакам, да ја свирам мојата музика со прекрасен оркестар, Националниот џез оркестарот на Македонија. Концептот на оваа музика започна од моите аранжмани за трио. Имам околу 30 објавени албуми. И оттаму се роди идејата да оркестрирам некои од песните што ги свирев секогаш во моето трио, кажа Камило на концертот во Скопје.

Во Филхармонија Камило заедно со македонскиот Национален џез оркестар имаше одлична изведба од неговите три албуми во биг бенд формат, а публиката можеше да ги слушне најпознатите како „One More Once“, „Why Not!“, „Caribe“ и „Suite Sandrine, Pt. 3“.

Кога бевме средношколци, со другарите ученици во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ се обидувавме да ја свириме музиката на Камило, од овој албум, што звучеше како што звучеше. Кој знае какви вектори сме исспратиле во вселената, кога денес на иста сцена свириме со него, кажа диригентот и композитор Емин,

Поврзани вести