
Одредени се сите учесници во плејофот на Лигата на нации на УЕФА за сезоната 2026/27.
Последниот учесник во плејофот стана Норвешка, која синоќа ја победи Данска со 3:2 во шестото коло од групната фаза. Данска на крајот заврши трета во групата А-4 и не се квалификуваше за плејофот.
Учесници во плејофот на Лигата на нации за сезоната 2026/27 се: Франција, Белгија, Германија, Холандија, Англија, Шпанија, Португалија и Норвешка.
Ждрепката за четвртфиналето ќе се одржи в петок, 20 ноември. Натпреварите ќе се одржат од 25 до 30 март 2027 година, а финалниот турнир ќе се одржи од 9 до 13 јуни

Македонски



