
Две деца со повреди здобиени на училиште побарале лекарска помош вчера во Гостивар.
Прво во 12:36 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 11-
годишен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, со повредите се здобил при затворање на врата во основното училиште во Гостивар, каде што посетува настава.
Во 12:54 часот во СВР Тетово, пак, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен
седумгодишен ученик од гостиварско Врапчиште.
Според пријавеното со повредите се здобил на час по физичко образование во основното училиште во селото. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Македонски



