
Без електрична енергија денеска ќе останат повеќе делови на Скопје.
-Во период од 08:00ч до 15:00 корисниците на ул. „Петровец“ (општина Петровец); во период од 08:30 до 13:30 корисниците на дел од ул. „Методиј Андонов Ченто“ и „Делта Пром“ (општина Гази Баба); во период од 08:30 до 1500 корисниците на ул. „Коста Новаковиќ“, ЗУР Маркет до крајот на слепата улца (oпштина Аеродром); во период од 09:00 до 14:00 корисниците од ул. „11 Октомври“ бр. 46 (општина Центар) – соопшти ЦУК по добиено известување на ЕВН.
Исто така во период од 09:00 до 14:00 без струја корисниците од с. Пакошево (општина Зелениково).
-Во период од 11:00 до 12:00 корисниците на ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 50, 52, 62 и 68 и сите деловни објекти како и дел од ул. „Орце Николов“ бр.147А, 147Б и 149 и дел од ул. „Благој Давков“ (општина Центар) – додаваат од ЦУК.

Македонски



