Skip to main content

Kуртоa на голот на Белгија на „Градски“

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа објави дека е подготвен да се врати во белгиската репрезентација.

– Сè уште не сакам да зборувам премногу за тоа, но вистина е дека го повикав селекторот на репрезентацијата. Тој наскоро ќе пристигне во Мадрид. Камбекот изгледа добро, мојата цел отсекогаш била да стигнам до Светското првенство во 2026 година. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, но во моментов се оди позитивно, ја цитира „VTM“ изјавата на Куртоа.

Триесет и двегодишниот голман потврди и дека неговата одлука да ја напушти репрезентацијата е поврзана со претходниот селектор на националниот тим Доменико Тедеско.

– Тоа беше чисто поради претходниот селектор. Од одредени причини имавме несогласувања со него. Мислам дека на крајот видовме дека бев во право, додаде Куртоа.

Минатото лето Куртоа објави дека ја прекинал кариерата во репрезентацијата поради конфликт со Тедеско. Во јануари годинава специјалистот доби отказ од белгиската репрезентација. На негово место дојде Французинот Руди Гарсија.