Skip to main content

Пиштол пронајден кај 15-годишен средношколец во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Малолетникот бил задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести